Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, застана во одбрана на својот играч Лоренцо Инсиње, кој доби директен црвен картон поради навреда на судијата на мечот против Интер. Капитенот на Наполи жестоко вербално го нападна судијата поради досудениот пенал во корист на Интер, а арбитерот му даде црвен картон на Инсиње. Ромелу Лукаку погоди од белата точка и им донесе триумф на Нераѕурите од 1:0.
„Ова се случува само во Италија. Не можеш да исклучиш играч, посебно ако тоа е капитен на тимот, само затоа што ти рекол „е*и се“, и тоа по еден сомнително досуден пенал. Во Англија и Шкотска, фудбалерите постојано им влеат на судиите „е*и се“, па нема исклучувања. Само во Италија играчите добиваат исклучување за такво нешто. Кога јас бев фудбалер, тоа беше спорт, а судијата мораше да покаже малку чувство и да сфати дека играчот може да биде лут по досуден сомнителен пенал. Едноставно, не може поради тоа да се остави еден тим да игра со фудбалер помалку“, објаснува Гатузо.
По поразот во дербито, Наполи остана до 23 бода, додека Интер сега има 27 бодови и е на еден бод од лидерот Милан. Во следното коло, Наполи го очекува уште едно тешко гостување, и тоа кај Лацио во Рим.