Гатузо има добар план – Ќе му стане ли Ибрахимовиќ соиграч на Елмас?

Џенаро Гатузо има добар план, но прашање е колку е остварлив по разговорот и понудата до Златан Ибрахимовиќ да се пресели во Наполи.

Гатузо и Ибрахимовиќ беа соиграчи во Милан од 2010 до 2012 година и се одлични пријатели, па италијанските медиуми навестија дека е можен трансфер на поранешниот шведски репрезентативец.

Златан е се уште член на Милан, но поради паузата во Серија А и неизвесноста кога и дали првенството на Чизмата ќе продолжи поради лошата ситуација со Коронавирусот можно е и да ја заврши кариерата и да ја одбие понудата на Гатузо.

Во Милан сигурно нема да остане по завршувањето на оваа сезона, без разлика кога ќе се доигра италијанскиот шампионат. По смената на Бобан и превземањето на неговата функција од страна на Газидис шансите за такво нешто се минимални.

Ибрахимовиќ има 38 години и размислува за повлекување од фудбалските терени и почеток на тренерска кариера. Сепак Гатузо нема да се откаже во намерата да ја пролонгира фудбалската пензија на Ибракадабра и да го донесе во Неапол, каде легендарниот голгетер би му бил соиграч на нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

- Оглас -

Најнови вести