Гатузо има два меча за да се спаси, инаку Венгер ќе го спасува Милан

Милан повторно е во криза. Некогашниот италијански првак вчера на „Сан Сиро“ загуби од Фиорентина со 0:1 и остана на само шест освоени бодови, од последните шест меча во Серија А. По низата лоши резултати, тренерот Џенаро Гатузо повторно е на удар.

Според некои најави, можно е да се случи Гатузо да не ја дочека Нова година како предводник на „росонерите“. Тренерот добил ултиматум дека мора да ги победи следните два меча на кои Милан е голем фаворит. Најпрво прстува кај Фросиноне на 26 декември, а три дена подоцна, пред своите навивачи игра против СПАЛ. По овие две кола, следи пауза во Серија А до 19 јануари.

Доколку Милан и во овие два меча направи нови киксови, Гатузо може да добие отказ, а на негово место веднаш да биде назначен Арсен Венгер. Главната цел на Милан е да го освои барем четвртото место на табелата, кое е последно што води во Лигата на шампионите.

Милан момнетно има 27 бодови, еден помалку од четвртопласираниот Лацио, а еден повеќе од шестопласираната Сампдорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести