Џенаро Гатузо доби отказ во Валенсија по поразот од Валјадолид вчера со 0:1 на гостински терен, што ги доведе Лилјаците само на еден бод од опасната зона.
Популарниот Рино бил на состанок со раководството на Валенсија и побарал засилувања во зимскиот преоден рок што е во тек, но наместо тоа, добил отказ.
На кормилото на еден од најпознатите шпански клубови Гатузо дојде во јуни лани и издржа само 7 месеци.
Валенсија игра скромна сезона и со 20 бода е на 14-тото место во Ла Лига, што е само еден бод повеќе од Кадис, три од Хетафе и 14 од Елче, три екипи кои се најзагрозени во битката за опстанок.