20.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Гатузо: Јас сум човек на мирот, срцата нè болат кога гледаме како цивили и деца ги губат своите животи

Селекторот на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, се појави пред медиумите во репрезентативната база Коверчано пред двата важни квалификациски натпревари за Светското првенство во 2026 година. Италија в петок на свој терен во Бергамо ќе игра против Естонија, а три дена подоцна следи натпреварот против Израел и тоа на неутрален терен во Дебрецен, Унгарија.

Едно од главните прашања кои беа поставени се однесуваше на дуелот против Израел. Италијанците во последните неколку недели вршат притисок Израел да биде исфрлен од натпреварувањата на УЕФА и ФИФА, поради агресијата што ја прави врз Палестина.

„Израел е во нашата група и натпреварот мора да се одигра. Јас сум човек на мирот и сакам мирот да владее насекаде. Срцата нè болат кога гледаме како цивили и деца ги губат своите животи, но имаме друга задача. Претседателот Гравина работи на наоѓање на најдоброто решение за октомврискиот натпревар, во Удине, да може да се одржи на најсовршен начин“, рече Гатузо.

- Оглас -

Најнови вести