Гатузо: Меси може да го сопреме само на сон или евентуално на Плејстејшн да се одберам самиот себе од времето кога играв во Милан

За Наполи може да се каже дека имаше успешна сезона затоа што тимот во клупските витрини го доведе трофејот од Купот на Италија. Наполи во финалето го победи Јувентус, за кого е резервирано Скудетото од Серија А.

Иако сезоната во домашното првенство за Наполи е завршена, сепак има уште предизвици за тимот од југот на Италија. Наполи го очекува реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Барселона. По првиот меч во Неапол резултатот беше 1:1, а Барселона е фаворит на „Камп Ноу“.

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо знае дека ќе биде многу тешко да се стигне до изненадување и победа или евентуално реми со два или повеќе голови. Гатузо вели дека Лионел Меси е незадржлив и тоа ќе биде најголем против за Наполи.

„Можеме да го сопреме Меси само во нашите соништа. Евентуално да го земам Плејстејшнот на син му и да го одберам Милан од времето кога јас играв и кога бев 10-15 килограми послаб, па така да го сопрам Меси. Треба да истрчаме на терен и да видиме какви ни се шансите против тим каков што е Барселона“, вели Гатузо.

 

- Оглас -

Најнови вести