Гатузо многу се налути и најави: Ќе одам во Кувајт

Наполи без никакви проблеми ја победи Специја со 4:2 и се пласира во полуфиналето од Купот на Италија. Уште во првото полувреме Наполи ги даде сите четири погодоци и покажа дека Специја нема што да се надева на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Четвртиот погодок за Наполи беше дело на нашиот Елиф Елмас, кој играше до 69-тата минута. 

По завршувањето на мечот, тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, се налути откако повторно го прашаа дали е загрижен за тоа дали може да добие отказ или да даде оставка.

„Што не ги прашате другите тренери. Јас нема да дадам оставка, претседателот на клубот ми даде уверување дека нема да ме смени, но мене гаранции не ми се потребни. Јас тука сум вработен, па ако ме сменат, тоа е. Јас сум единствен кој четири години по ред играм во полуфиналето на Купот, но не слушнав некој да каже добар збор. Само критики. Кога бев во Милан, си заминав затоа што плукав и крв за клубот, но недостасуваше доверба. Но тоа беше во Милан. Ќе видиме до кога ќе работам тука. Би сакал да видам како би му било на Интер да е еден месец без Лукаку и Лаутаро“, рече лутиот Гатузо, алудирајќи на повредените играчи кои ги има во составот.

Гатузо додаде дека и да си замине од Наполи, многу брзо ќе најде нова работа.

„Ако го победиме Јувентус во заостанатиот меч, ќе се искачиме на третото место на табелата, но и тоа нема да биде доволно. Нема проблем, ќе работам тука додека не добијам отказ, ама јас можам за две минути да најдам работа во Кувајт или таму некаде. Како играч ги освоив сите најзначајни трофеи, ќе видиме како ќе завршам како тренер“, коментираше Гатузо по синоќешната победа против Специја.

 

- Оглас -

Најнови вести