Гатузо: На Наполи му фали искуство, Златан е подобар сега отколку пред 12 години

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, по поразот од Милан со 1-3, изјави дека на неговиот тим му фали искуство од играње на значајни натпревари, а за својот некогашен соиграч Златан Ибрахимовиќ, кој сега има 39 години и е прв стрелец во Серија А, рече оти сега е подобар отколку пред 12 или 13 сезони.

„Милан силно верува во Ибрахимовиќ, а тој дава 100 проценти од себе. Мислам дека сега е подобар отколку пред 10, 12 или 13 години. Моја е одговорноста за резултатите на Наполи. Мора да ја кренеме летвичката повисоко, но не можам да го присилам тимот на некои мечеви да има потребен пристап. Не е случајно што на дербијата креираме шанси, но не ги користиме и потоа премногу мислиме зошто сме утнале и мислиме дека немаме среќа. Мора да се фокусираме, тоа е нашиот главен проблем. Не ми се допаѓа односот“, изјави Гатузо.

Милан нема пораз сезонава и има 6 бода повеќе од шестопласираниот Наполи. Ибра синоќа даде два гола. Наполи има црна серија од три домашни порази по ред.

„Кога нема оган во нашите очи и срца, губиме. Треба да размислуваме за тимот, а не само за себе. Таа себичност ми пречи. Кога ќе со соочиме со проблем, веднаш се жалиме кај судиите или играчите се караат меѓу себе, тоа мора да се смени“, вели Гатузо.

- Оглас -

Најнови вести