Гатузо: Не може Наполи секогаш да биде убав, некогаш треба да биде грд како мене

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, даде интересна изјава по играта на неговиот тим против Удинезе. Популарниот Рино сака неговиот тим да биде порешителен и треба да биде подобар кога е под притисок, а нема ништо против да победуваат со игра која не е убава за гледачите.

„Тимот секогаш треба да биде на врвот на своите способностите. Во средата загубивме меч од Специја, тешко беше да се вратиме на победничкиот пат, но задоволен сум што го вративме тоа што ни побегна од раце пред неколку дена. Мислам дека треба да престанеме да се занимаваме со социјалните мрежи, таму се зборуваат и се пишуваат многу глупости, кои треба да ги игнорираме. Наполи сака секогаш да игра убаво, но понекогаш е добро да бидеш грд. Не може секогаш да бидеш Бред Пит, со руса коса и сини очи. Некогаш треба да си грозен, исто како што сум јас“, рече Гатузо по победата од 2-1 над Удинезе.

- Оглас -

Најнови вести