Наполи загуби на гостувањето кај Верона со 3:1 и остана на 34 бода, што е доволно за шестото место во Серија А. Македонскиот репрезентативец ги одигра последните 10-тина минути, но не успеа да го спречи поразот на Наполи.
Гостите водеа со погодокот на Лозано во првата минута, но Верона потоа направи целосен пресврт и стигна до 3:1. Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, беше лут по мечот.
„Разочаран сум бидејќи добро се подготвивме за дуелот. Добро започнавме, а потоа имавме шанси да ја завршиме работата. Одлуките се мои и кога нема да победиме, одговорноста е моја. Не е толку лесно, па само да отидеш во супермаркет и да купиш доза одлучност за 10 евра. Не можеш тоа да го извлечеш од играчите со тоа само што ќе им кажеш нешто“, рече Гатузо.