29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Гатузо: Ова е најлудиот меч на којшто сум како тренер

Две победи во два меча за Џенаро Гатузо откако дојде на италијанското селекторско столче. Некогашниот фудбалер кој беше познат по својата борбеност и желба секогаш да се докаже сега има цел да ја одведе Италија на Светското првенство во 2026 година.

Аѕурите ги пропуштија последните два Мундијали, што е неверојатно и сигурно никој меѓу Аѕурите не сака да се случи да се направи нов кикс. Италија синоќа славеше како гостин против Израел со неверојатен резултат од 5:4.

По првото полувреме беше 1:1. Потоа Израел поведе со 2:1,па Италија го сврте резултатот во своја полза 2:4. Израелците стигнаа до 4:4 во 89-тата минута, но во судиското надополннување Тонели погоди за 5:4.

„Ова беше хаос. Најлудиот натпревар на којшто сум како тренер. Ние сме луд тим бидејќи сме премногу кревки, премногу лесно примаме смешни голови, но тоа е мој проблем, а не проблем на играчите. Мораме да бидеме подобри на следните дуели. Израел нѐ изненади од почетокот. Играа човек на човек, а секогаш кога ќе тргнеа во напад, ни создаваа проблеми. Не бевме доволно свежи, но и тоа е нормално затоа што само во неколку дена одигравме два меча“, рече Гатузо, кој на овој меч постави и еден необичен рекорд. Тој е првиот италијански селектор кој успеал да ја води репрезентацијата да постигне пет гола на два меча по ред.

- Оглас -

Најнови вести