Наполи издвои минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Калјари во 24-тото коло од Серија А. Македонскиот бисер Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути, што само потврдува дека ужива во довербата која му ја дава тренерот Гатузо.
Со Елмас на теренот од првата минута, Наполитанците ја запишаа третата победа во последните четири меча во сите натпреварувања, а со освоените бодови на „Сардења“ избија на осмото место со 33 бода. Инаку, победата ја осигура Мертенс во 66-тата минута.
https://www.dailymotion.com/video/x7rvam5