Гатузо потроши 40.000 евра за подароци после победата над Динамо Загреб

Екипата на Хајдук го победи Динамо Загреб во вечното хрватско дерби со 0-1 на гостински терен и изби на чело на табелата. Тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо, задоволен од победата, одлучи да ги почести сите фудбалери и членови на стручниот штаб со нови мобилни телефони од марката „Iphone“, кои чинат по околу 1.100 евра.

Тоа би значело дека Гатузо само за подароци после дербито потрошил околу 40.000 евра, ако се знае дека нарачал 35 телефони.

Голот за победа на Хајдук го постигна Марко Ливаја.

- Оглас -

Најнови вести