Гатузо пред отказ, ќе го менува Донадони?

Раководството на Милан наводно размислува, односно работи на случајот да го отпушти тренерот Џенаро Гатузо. Италијанските медиуми тврдат дека поразот од Интер изминатиов викенд ја прелеа чашата, но не бил резултатот она што ги разочарало челниците на клубот, туку начинот на кој играле избраниците на Гатузо во текот на целата средба.

Веќе се споменува и замена, наводно,  Роберто Донадони, екстренерот на Болоња, ќе ја преземе екипата најмалку до крајот на оваа сезона. Донадони е слободен агент откако по крајот на минатата сезона, му истече договорот со Болоња. Според тамошните медиуми, дури Рикардо Монтоливо и неговиот агент замешале прсти во оваа смена, тие притискаат Донадони да биде назначен за нов тренер.

Донадони, исто како Гатузо, е поранешен фудбалер на „росонерите“, кој го носел црвено-црниот дрес во два наврати, освојувајќи ги сите можни трофеи со Милан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести