5.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Гатузо претпазлив: „Не смее да ни се повтори Македонија!“

Џенаро Гатузо ќе се обиде да ја врати Италија на Мундијалите и повторно преку баражот, откако не учествуваа на последните два. Трет кикс ќе значи вистинска катастрофа, па затоа селекторот на Италија уште од сега предупредува и се подготвува за првиот бараж против Северна Ирска. Победникот од овој натпревар во финалето ќе игра против Велс или Босна и Херцеговина.

„Не смееме да ја направиме истата грешка како пред четири години против Македонија. Во модерниот фудбал нема лесни противници. Северна Ирска е екипа која може да ни создаде проблеми. Мора да бидеме подготвени и да не паднеме ако се случи нешто негативно. Ќе играме за нешто значајно, а цела држава чека на нас. Мора да останеме мирни, за земјата и за дресот“, вели Гатузо.

Македонија пред четири години во Палермо ја елиминира Италија со голот на Александар Трајковски во судиското продолжение.

- Оглас -

Најнови вести