-4.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Гатузо се пошегува со Канаваро

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Џенаро Гатузо, се пошегува со својот поранешен соиграч Фабио Канаваро, кој вчера ја презеде репрезентацијата на Узбекистан и ќе ја предводи на Светското првенство идната година.

„Му се јавив и му реков: ‘Каков среќник си, стави парфем, гел и оди на Светското првенство. А, јас сум тука, во рововите’“, откри Гатузо со насмевка, а свесен е за тешката ситуација во која се наоѓаат Аѕурите, кои најверојатно пак ќе мора да играат баражи за пласман на СП и постои опасност да пропуштат и трет Мундијал по ред. 

- Оглас -

Најнови вести