Новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, се подготвува за своето деби како селектор на Аѕурите. Некогашниот европски и светски првак в петок во Бергамо ќе биде домаќин на Естонија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.
Гатузо ја презеде предизвикувачката задача да ја преземе чело на италијанската фудбалска репрезентација, која ги пропушти последните две Светски првенства, што е голем удар за нација со таква традиција.
Италија ниту во овој квалификациски циклус не започна како што посакува, па во првото коло претрпе убедлив пораз од Норвешка со 3-0, а потоа скромно ја победија Молдавија со 2-0.
Аѕурите решија да го сменат селекторот, а Гатузо е назначен за нов предводник Гатузи вели дека мора да се биде претпазлив бидејќи секој ривал може да биде опасен.
„Немам време да бидам емотивен“, рече Гатузо пред новинарите. „Го чувствувам притисокот како што го чувствував и како играч. Можеби ќе се возбудам малку кога судијата ќе означи почеток на натпреварот, но во моментов сум многу фокусиран и мора да размислуваме натпревар по натпревар. Знаеме дека имаме тешка задача пред нас и ќе дадеме сè од себе“, вели Гатузо.
Гатузо откри дека се подготвува за Естонија речиси два месеци, откако ја презеде селекторската функција. Тој е свесен дека е под голем притисок дека има голема одговорност во овие квалификации.
„Веќе знам дека вечерва нема да можам да спијам, ќе размислувам за сè низ што поминавме наутро. Не се емоциите тие што ме држат буден, туку мислите. Многу сум горд на Федерацијата, на претседателот Гравина, на Џиџи Буфон и на извонредната можност што ми е дадена“, заклучи Гатузо.