Гатузо се враќа да биде тренер во Серија А

Џенаро Гатузо минатата сезона го водеше Милан, но откако клубот ги загуби шансите да се пласира во Лигата на шампионите, тој си поднесе оставка. На негово место, на клупата на Росонерите седна Марко Џампаоло, кој издржа само 111 дена како предводник на „Сан Сиро“, што е рекордно кратко време. Сега Стефано Пиоли е предводник на Милан, иако дел од навивачите очекуваа Гатузо да биде вратен на клупата.

Сепак, можно е Гатузо повторно да биде дел од Серија А, и тоа како тренер на Торино. Џенова беше како една од опциите за Гатузо, но таму замина Мота, па сега се очекува популарниот Рино да седне на клупата на тимот од Торино, кој моментно е на 10-тото место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести