Италија е пред невозможна мисија за да обезбеди директен пласман на Светското првенство 2026. На Италијаните потребна им е победа од девет гола разлика против Норвешка, што е невозможно, па ќе мора да бркаат пласман преку баражот.
По пропуштени два Мундијали, од кои за последниот „виновна“ е Македонија и победата од 0-1 во Палермо, во баражот, селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, „распали“ по ФИФА, барајќе промена на форматот на квалификациите.
„Во мое време, најдобрите второпласирани одеа директно на Светско првенство, сега правилата се други. За да се променат правилата, мора тоа да им го кажете на оние кои го организираат турнирот. Во 1990 и 1994 година имаше по две африкански репрезентации, сега ќе ги има девет. Тоа не е контроверзно, но постојат потешкотии. Ако ја погледнеме Јужна Америка, каде шест од десет репрезентации одат директно на СП, а седмиот игра бараж против екипа од Океанија, тоа ви создава тага. Тоа е разочарувачки. Мора да се промени системот во Европа.“ – рече Гатузо.

