Гаучосите нема да се тресат како Бразил, лесно ќе ја минат Венецуела

Венецуела – Аргентина (21 часот – Копа Америка, четвртфинале )

Бразил ноќеска се мачеше против тврдиот Парагвај, па пенал-рулетот одлучи Кариоките да играат во полуфиналето. Иако Аргентина едвај се протна во нокаут фазата, Гаучосите не би требало да имаат проблеми против Венецуела. Секако, постои шанса да не се постигне гол, односно по 90 минути резултатот да биде нерешен, па така не се исклучува можноста за нови пенали да го одлучуваат вториот полуфиналист на Копа Америка.

Но, како што најави Лео Меси, за Аргентина допрва почнува шампионатот, така што ѕвездата на Барса ќе ја предводи Аргентина и од него треба да доаѓа најголемата закана за Венецуела. И во 2016 година овие две селекции се сретнаа во четвртфиналето, а тогаш Аргентина славеше со убедливи 4-1, сличен таков исход нема да биде изненадување.

Предлог тип: Т2 1+I & T2 2+ (2.35)

 

Колумбија – Чиле (01 часот – Копа Америка, четвртфинале )

Првата рунда од нокаут фазата ни носи супер-интересно дерби меѓу двата фаворити за освојување на титулата. Чиле ја започнува одбраната на тронот во дуелот против Колумбија, која пак, веќе 18 години чека на втор трофеј во ова натпреварување.

Колумбијците без грешка ја минаа групната фаза, 9 бода од три меча и 4-0 гол-разлика, учинок кој покажува колку се сериозни во својата намера да бидат континентални шампиони. Чиле веќе играше едно дерби против Уругвај кое го реши Единсон Кавани, но сека влогот е многу поголем. Евентуален пораз ќе значи дека Копа Америка годинава ќе добие нов првак.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.95)

 

Јужна Африка – Намибија (22 часот – Африкански Куп на нации, второ коло)

Половина од второто коло по групи на Афкон веќе се одигра, што значи дека полека се гради костурот за нокаут фазата. Дуелот меѓу Јужна Африка и Намибија е трет на денешната програма, а двете селекции ќе се обидат да дојдат до првите бодови на шампионатот. Минималните порази од Мароко, односно Брегот на Слоновата Коска им ги комплицираа работите, така што евентуално ново разучарување ќе значи и крај на надежите за нокаут фаза.

Но, ако се земат во предвид досегашните меѓусебни дуели, Јужна Африка нема зошто да стравува од негативен резултат, бидејќи добија пет од шестте дуели против Намибија. Последниот меч во кој се радуваа беше минатата година исто во јуни, со убедливи 4-1.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.05)

 

Мароко – Брегот на Слоновата Коска (19 часот – Африкански Куп на нации, второ коло)

Фаворитите од групата Д денес ќе ги одмерат силите во дуел кој може да го одреди носителот. И Мароко, и Брегот не покажаа некаква посебна игра против Намибија, односно Јужна Африка во првото коло, трите бода ги освоија по минимални победи. Брежаните ќе се потпрат на најсилното оружје, односно напаѓачките сподобности на Заха, Пепе, Бони, додека квалитетот на Мароко најмногу доаѓа од одбранбената линија, која ја држи Мехди Бенатија.

Кога станува збор за меѓусебни дуели, Брегот веќе три години не може да се израдува против Мароко, кои пак ги добија два од последните три меча.

Предлог тип: X2 & 1-3 (2.35)

 

Франција – САД (21 часот – Светско првенство жени, четвртфинале)

Домаќинките наидоја на актуелните светски шампионки во четвртфиналето, што значи дека за првпат пред своја публика нема да ја имаат фаворитската улога. „Паркот на принцовите“ е подготвен за спектакл, се очекува и рекордна посетеност на еден женски фудбалски меч, а тоа подразбира дека Триколорките ќе имаат огромна поддршка.

Но, репрезентативките на САД веќе се навикнати да играат во такви ситуации, a се чини дека тешко кој може да ги спречи во обидот да дојдат до четврта рекордна титула на женскиот Мундијал. Историјата памети вкупно 14 меѓусебни дуели на овие две селекции, од кои 9 припаднаа на Американките, само три за Французинките, а во два меча не одредиле победник.

Предлог тип: X2 & 1+ пп. (1.95)

- Оглас -

Најнови вести