Барселона со 2:1 ја победи Осасуна во Памплона, во меч кој посебно ќе го памети младиот Гави. Тинејџерот кој има само 19 години го одигра јубилејниот 100-ти меч за Барселона во сениорскиот состав и стана најмлад фудбалер во историјата на каталонскиот гигант со вакво остварување.
Првиот меч во сениорскиот тим го имаше на 29 август 2021 година на „Камп ноу“ против Хетафе, кога имаше само 17 години, а тренер беше Роналд Куман. Веднаш го покажа големиот талент и си обезбеди место во стартниот состав. На 18 декември истата година го постигна и првиот гол против Елче.
„Ова е остварување на сонот за мене. Стигнав до 100 меча за Барселона. Многу сум горд“, рече Гави, кој од 100-те меча кои ги одигра, дури на 79 беше во стартниот тим, што само ја потврдува неговата важна улога во составот.
Gavi with the team to celebrate his 100 games at the first team. pic.twitter.com/5jGBy3fEUP
— barcacentre (@barcacentre) September 3, 2023