Барселона го регистрира младиот Гави како член на првиот тим и му го даде дресот со бројот 6, кој во Барса има голема тежина бидејќи своевремено околу две децении со успех го носеше актуелниот тренер на тимот, Чави.
Досега Гави играше со дрес со бројот 30 на грбот, а официјано беше регистриран како играч на младинскиот тим на Барселона.
Има доста контроверзии околу ситуацијата на Гави. Лигата не му дозволува тој да биде регистриран како играч на првиот тим, но судот дозволи, па Барса му ја даде 6-ката, а Ла Лига ќе поднесе жалба. Има и една друга работа, Гави во договорот со 2026 година има клаузула од 1 милијарда евра, но ако Барселона не го регистрираше Гави до денеска, тој на 1 јули можеше да си оди како слободен играч.
Чави велеше дека е сигурен дека Гави не сака да си оди налето, но клубот не ризикуваше и го регистрира. Но, ако Ла Лига на крајот го добие спорот, Гави сепак во јули или август ќе може да си оди од Барса без клубот да добие обесштетување.
Our new number 6️⃣ pic.twitter.com/XQTaHGHXNg
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 31, 2023