Гави (не) е дете на Барса, одби да го прослави голот против Бетис!

Фудбалерот на Барселона, 20-годишниот Пабло Мартин Паез Гавира, или скратено Гави, е една од гордостите на каталонскиот гигант, во 2022 доби награда за најдобар млад фудбалер на светот, но синоќа откако даде гол против Бетис, ги крена рацете во знак на извинување и збуни многумина.

Гави не е Каталонец, роден е во предградие на Севилја, а како дете, од 2013 до 2015 година тренираше и играше за Бетис. Потоа се пресели во школата на Барселона, популарната Ла Масија, и од тогаш е член на каталонскиот гигант. Сепак, не го заборава минатото и не сакаше да го слави голот против тимот за кој играше пред една деценија.

- Оглас -

Најнови вести