32.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Гави оди на нова подолга пауза

Фудбалерот за врска на Барселона, Гави, би можел да отсуствува до шест недели поради повреда, пренесе „Марка“. Според изворот, 21-годишниот Шпанец има проблеми со десното колено.

Сепак, не станува збор за повторно кинење на предните крстни лигаменти кои ги повреди во 2023 година. Фудбалерот ќе се подложи на конзервативен третман, а следната недела ќе направи дополнителни медицински прегледи за попрецизна проценка на неговата здравствена состојба.

Гави оваа сезона одигра два натпревари и запиша една асистенција, по што ги пропушти мечот против Рајо Валјекано и дуелите на шпанската репрезентација во квалификациите за Светското првенство 2026.

- Оглас -

Најнови вести