15.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Гави поради бизарна причина не смее да ја добие „шестката“ на Чави

Младиот играч за врска на Барселона, Гави, се промовира како еден од оние фудбалери кои треба да е иднината на каталонскиот гигант. Гави на својот грб на дресот го носи бројот 30, истиот со кој дебито во првиот тим пред речиси две децении го направи и Лионел Меси.

Сепак, Гави досега веќе требаше да го има сменето бројот и за него е резервирана „шестката“, која беше на грбот на сегашниот тренер на Барселона, Чави. Токму затоа во актуелниот тим на Барселона никој не ја носи шестката, а Гави иако е стандарден во првиот тим, не смее да ја носи шестката.

Гави има само 18 години, а веќе има одиграно 74 натпревари за Барселона, но неверојатно е дека уште не е регистриран како фудбалер во сениорскиот тим. Тоа е така затоа што Барселона уште е далеку над „селери капот“, кој е дозволен, па Гави едноставно не може да биде регистриран како фудбалер на сениорскиот тим и настапува како играч од младинската школа.

Според правилата на Примера дивисион, само играчите кои се регистрирани во сениорскиот тим може да носат броеви на дресовите од 1 до 25, а оние кои се од младинската школа може да одберат други бројки.

- Оглас -

Најнови вести