Гави постави нестварен рекорд во 120-годишната историја на Ел Класико

Барселона го освои првиот трофеј сезонава откако триумфира во Супер купот на Шпанија. Во големото финале кое се играше во Ријад, Саудиска Арабија, каталонскиот гигант со 3:1 победи против Реал Мадрид.

Младиот 18-годишен Гави беше прогласен за најдобар играч во финалето и тоа признание тинејџерот го доби сосема заслужено затоа што директно учествуваше во сите три погодоци на Барселона.

Гави беше играчот кој го постигна првиот погодок во финалето, а потоа имаше и две асистенции. Прво му додаде на Левандовски за зголемување на водството на 2:0, а во вториот дел одлично асистираше на Педри при акцијата за 3:0.

Со оваа игра Гави постигна рекорд во 120-годишната историја на Ел Класико. Со 18 години и 163 дена, Гави е најмладиот фудбалер кој на најголемото дерби во светот успеал во еден меч да даде гол и да асиситира на погодок. Гави едноставно се промовира во фудбалер кој треба да биде иднината на клубот.

- Оглас -

Најнови вести