Пабло Мартин Паес Гавира, или едноставно Гави, минатиот месец стана полнолетен и потпиша повеќемилионски четиригодишен договор со Барселона, како награда за игрите во дресот на Каталонците.
Младиот Гави во договорот има откупна клаузула од 1 милијарда евра, а при церемонијата на потпишување на договорот, тој потпишуваше автограми на фанови и се фотографираше со некои од нив.
Една девојка му пријде на Гави и му остави ливче, кое тој го стави во скутот и ќе го чува „за секој случај“. Претпоставка е дека девојката му остави на Гави нејзин телефонски број.
Засега Гави јавно не кажал дека има девојка, веројатно е слободен, па оваа девојка реши да си ја испроба среќата.