Гави потпиша нов договор со Барса – Откупната клаузула ќе ги избрка заинтересираните клубови

Еден од најголемите таленти на Барселона, Гави, потпоша нов договор со каталонскиот гигант.

Постојниот, кој што му истекуваше по крајот на оваа сезона, ги натера челниците на клубот да реагираат за да не го испуштат мегаталентот за без пари.

Фабрицио Романо, којшто е добро упатен, вели дека е ставен параф на нов, побогат договор којшто е со времетраење до 2026 година и има неверојатна откупна клаузула од една милијарда евра.

Со тоа се става јасно до знаење дека Барса не планира да го продаде Гави, којшто игра одлично и на 18-годишна возраст вечерва ќе го има 40-тиот настап во првиот тим на Каталонците, и тоа против Баерн Минхен, којшто беше заинтересиран токму за неговите услуги.

- Оглас -

Најнови вести