Пабло Мартин Гавира, или попознат како Гави се уште преговара со Барселона за нов договор, но двете страни се далеку од решение, а на штрек чека Ливерпул.
Како што објавуваат шпанските медиуми, Барселона му нуди на Гави нов договор со услови што се неприфатливи за тинејџерот, а тој веќе има две понуди од клубови од Премиерлигата.
Едниот клуб е Ливерпул и според седмата сила во Англија, Црвените од Енфилд роуд сакаат да го ангажираат 17-годишниот фудбалер за врска, а му нудат одлични услови кои би му гарантирале на Гави дека ќе има статус на светска ѕвезда.
Сумите и во преговорите меѓу Барселона и Гави и понудата на Каталонците за него, како и таа на Ливерпул не се објавуваат, а трката за големиот талент ќе биде исклучително интересна.
https://twitter.com/Laporteriabtv/status/1534876206050512897?s=20&t=hTstBToINVMcnxH2oBx72A
Гави пристигна во Барселона од Бетис во 2015 година и веќе седум сезони е во клубот, а дебитираше лани во август против Хетафе и веднаш на стартот го покажа раскошниот талент.
Гави веќе има и 8 настапи за шпанската репрезентација.