Барселона води со 1-0 по првото полувреме на гостувањето кај Атлетик Билбао, стрелец беше Рафиња во финишот, а судиите најпрвин му го поништија голот, но проверката во ВАР собата потврди оти погодокот е регуларен и дека Бразилецот не бил во офсајд позиција.
Пред тоа, при 0-0, баскијците немаа среќа, ја погодија пречката.
Потегот на полувремето беше во изведба на Гави, кој топката која се тркалаше по земја, наместо со нога, реши да ја удри со глава. Ова е многу ризичен потег, кој покажува дека Гави се жртвува за тимот, но и ризикува можна тешка повреда и да добие удар со копачка по главата.
https://twitter.com/i/status/1635016857051856897