Гави вчера повторно испиша историја и влезе во елитен клуб на рекорди во кој е легендарниот Пеле

Шпанското фудбалско чудо од дете Пабло Мартин Паез Гавира, кој е многу попознат како Гави, продолжи да испишува историја и на Светското првенство во Катар.

Шпанија во првиот меч на Мундијалот ја декласира Костарика со 7:0, а Гави беше еден од стрелците за Фуријата, со што стана најмладиот стрелец на Светските првенства по Пеле во 1958 година.

Исто така, Гави продолжи да поставува рекорди кои во Шпанија долго време ќе останат недостижни откако минатата година со 17 години и 62 дена стана најмладиот фудбалер кој заиграл за Црвената фурија, а вчера со 18 години и 108 дена стана и најмладиот стрелец за Шпанија во историјата на Светските првенства.

Но, тоа не е сè, Гави стана третиот најмлад стрелец во историјата на Светските првенства, веднаш зад Пеле и Мануел Росас, кој го постигна првиот гол во историјата на Мундијалите во 1930 година.

- Оглас -

Најнови вести