Ѓаволите и Чавките не ги даваат местата кои водат во ЛШ

Манчестер јунајтед го совлада Брентфорд со 1-0, а Њукасл го растури Вест хем со 5-1 во вечерашните премиерлигашки дуели, по кои Црвените ѓаволи и Чавките останаа на трето, односно четврто место и прилично цврсто ги држат своите позиции во трката за пласман во Лигата на шампионите. Петтиот Тотенхем има три бода помалку од нив, но и еден меч повеќе.

Маркус Рашфорд со својот 11-ти гол по Мундијалот во Катар му донесе драгоцена победа на Јунајтед, а Жоелингтон со три гола беше творец на триумфот на Њукасл кај Вест хем, во меч кој беше одлучен во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести