Ѓаволите имаат нерасчистени сметки со Дерби во куп-мечевите

Дерби каунти – Манчестер јунајтед (ФА куп, 20:45ч)

Последниот пат кога Дерби и Манчестер јунајтед се сретнаа во куп-натпревар, Овните под водство на Френк Лампард го елиминираа тимот предводен од Жозе Мурињо. Се играше за пласман во осминафиналето од Лига купот, дуелот на „Олд Трафорд“ му припадна на Дерби по изведување на пенали.

Затоа Ѓаволите ќе сакаат да ги расчистат сметките со второлигашот, а во мечевите од ФА купот, Јунајтед редовно го елиминира Дерби. Така беше во претходните три пресметки од ова натпреварување, а ако се земат предвид сите меѓусебни дуели од минатото, може да се заклучи дека ќе биде ефикасен меч, без разлика што составите се комплетно сменети.

Предлог тип: X2 & 1-3 (1.90)

 

Гранада – Атлетик Билбао (Куп на Кралот, 21ч)

На повидок е баскиско финале во шпанскиот куп, Реал Сосиедад го чека противникот и најверојатно ќе биде Атлетик Билбао. Баскијците имаат минимални 1-0 од првата пресметка, а вечерва имаат задача да ја довршат започнатата работа иако екипата на Гранада воопшто не е наивна.

Предноста е на страната на гостите според меѓусебните дуели, во кои Билбао славеше во последните четири и редовно постигнуваа по два гола. Сепак, гостите се во турбулентна форма, додека Гранада во последните три кола од Ла Лига издвои две победи и реми.

Предлог тип: X2 & 0-3 (1.85)

 

Сент Етјен – Рен (Куп на Франција, 20:55ч)

ПСЖ го чека противникот во финалето, а има шанси да се репризира минатосезонската битка за трофејот доколку бранителот Рен вечерва триумфира. Двете екипи во пресрет на овој меч се мачат со повреди, а во составот на Сент Етјен веројатно ќе недостасува важниот играч, голманот Руфие.

Сент Етјен нема победа против Рен од 2016 година, додека актуелниот куп-шампион славеше во последните две меѓусебни пресметки. Рен ја крена формата во пресрет на овој меч, додека домаќините се без триумф во последните шест кола од првенството, па доколку не најдат мотив за победа вечерва, ќе прогласат уште една неуспешна сезона.

Предлог тип: ГГ (2.03)

 

Феенорд – НАЦ Бреда (Куп на Холандија, 20:45ч)

Феенорд е апсолутен фаворит во овој дуел и најверојатно клубот од Ротердам ќе му биде противник на Утрехт во финалето и битката за трофејот. Знаејќи дека заостанува седум бода зад водечките ПСВ и Ајакс во првенството, на Феенорд купот му е единствена шанса да се закити со одличје оваа сезона.

Домаќините се непоразени во 11 последователни средби во сите натпреварувања, додека против Бреда на домашен терен имаат добар биланс од седум победи, два порази и едно реми.

Предлог тип: 1-1 (1.83)

 

Панатинаикос – ЦСКА Москва (Евролига, 20ч)

Неиграњето на Клајбурн и Воронцевич може да биде проблем за Армејците кои ќе се обидат оваа недела да спојат две победи откако славеа во руското дерби против Зенит пред два дена. Панатинаикос пак потклекна во Пиреја пред лутиот ривал Олимпијакос, а избраниците на Рик Питино се гладни за победа и прекин на мини-серијата од три порази.

Иако на табелата овие екипи се едни до други, ЦСКА има четири победи повеќе и ќе атакува на четвртата позиција на која стои Макаби. Целта е што побрзо да се обезбеди пласман во разигрувањата. Воедно тимот од Москва ќе сака да се реваншира бидејќи претходно сезонава загубија од ПАО на домашен терен.

Предлог тип: Т1 & Т2 >81,5 поени (2.05)

- Оглас -

Најнови вести