Ѓаволите ќе понудат 60 милиони фунти за младата ѕвезда на Арсенал

Манчестер јунајтед е подготвен да упати понуда за левиот страничен дефанзивец на Арсенал, Мајлс Луис-Скели. Црвените ѓаволи се надеваат дека ќе постигнат договор со младиот играч, кој има тешкотии да си обезбеди место во почетниот состав на Топчиите, јавува медиумите во Велика Британија.

На „Олд Трафорд“ сакаат да обезбедат алтернатива за Лук Шо на левата бековска позиција.

Деветнаесетгодишниот Луис-Скели како да ја загуби битката за место во стартниот тим со Рикардо Калафиори и Пјеро Инкапи и ретко настапува во составот на Микел Артета. Се очекува тој да го напушти „Емирати“ ова лето.

Договорот на младиот дефанзивец со Арсенал е до летото 2030 година, а се проценува дека неговата цена е околу 60 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести