„Ѓаволите“ победија во Белград, нивна среќа е што нема ВАР во групите од Лигата на Европа

„Ракометот“ на Брендон Вилијамс во својот 16-ник по ударот со глава на Немања Милетиќ во 67-мата минута се покажа како клучен момент за кој најмногу ќе се зборува по средбата на Партизан и Манчестер јунајтед во Лигата на Европа.

Антони Марсијал од пенал го даде единствениот гол, но да имаше примена на ВАР-технологијата во групите од Лигата на Европа, српскиот тим сигурно ќе имаше пенал и шанса да избегне пораз.

РЕЗУЛТАТИ:

Група А: Карабах – АПОЕЛ 2-2. Група Г: Јанг бојс – Феенорд 2-0, Порто – Ренџерс 1-1. Група Х: Лудогорец – Еспањол 0-1, ЦСКА Москва – Ференцварош 0-1. Група И: Гент – Волфсбург 2-2, Сент Етјен – Олександрија 1-1. Група Ј: Рома – Борусија Менхенгладбах 1-1, Башакшехир – Волфсбергер 1-0. Група К: Бешикташ – Брага 1-2, Слован Братислава – Вулверхемптон 1-2. Група Л: Партизан – Манчестер јунајтед 0-1, АЗ Алкмар – Астана 6-0.

- Оглас -

Најнови вести