Ѓаволите тријат раце, претходниот пат кога Сити не освои ништо, тие победија во Лига Европа

Манчестер сити за првпат по сезоната 2016/2017 остана без освоен трофеј. Таа сезона пред осум години беше прва за Пеп Гвардиола како менаџер на Граѓаните, а после тоа почнаа редовно да освојуваат трофеи и тоа беше нешто нормално, и затоа е необично што оваа сезона не освоија пехар, а играа во четири натпреварувања.

Фановите на нивниот градски ривал Манчестер јунајтед може да бидат задоволни што тимот на Гвардиола остана „сув“, а за четири дена имаат прилика да го повторат тоа што се случи во 2017 година. Последниот пат кога Сити не освои ништо, Јунајтед беше победник во Лига Европа.

Црвените ѓаволи в среда во Билбао играат финале на ЛЕ против Тотенхем и ако победат, историјата ќе се повтори.

- Оглас -

Најнови вести