37.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Ѓаволите во победничка серија: излезе Рашфорд, па победија со гол на неговата замена

Манчестер јунајтед триумфираше на тешкото гостување кај Астон Вила со 2-1, и потврди дека не е случајна победничката низа која сега изнесува три меча по ред.

Сега Црвените ѓаволи имаат шест бода помалку од четвртиот Тотенхем, па сонот за пласман во Лигата на шампионите уште постои. Јунајтед и непосредно пред нова година ја победи Астон Вила, па заедно со Њукасл се тимовите кои двапати сезонава славеа над опасниот состав на тренерот Унари Емери.

Расмус Хојлунд петти меч по ред дава гол во Премиер лигата и тој е најмладиот по Анелка (од есента 1998 година наваму) на кого му успеало ова.

Победничкиот гол за Јунајтед падна во 86-та минута, а стрелец беше Скот Мектоминеј кој 13 минути претходно влезе во игра на местото на Маркус Рашфорд. Мектоминеј сезонава има 6 гола, повеќе од неговиот број на дадени голови во претходните три сезони заедно.

- Оглас -

Најнови вести