21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Ѓаволите во транс: Ако некој може да го воскресне Јунајтед, тоа е Роналдо!

Еден од најдобрите фудбалери кои некогаш играле на „Олд трафорд“ и моментално меѓу најдоминантните во фудбалот во последнава деценија и пол, Кристијано Роналдо, е пред сензационално враќање во Манчестер јунајтед.

Шпекулации кои го потресоа Островот, од таму медиумите известуваат дека управата на 20-кратниот англиски шампион воспоставила контакт со Жорге Мендеш, агентот на Роналдо, околу евентуален камбек на Португалецот на „Театарот од соништата“.

Сегашната ѕвезда на Јувентус најверојатно ја игра последната сезона во Италија, а токму една од неколкуте дестинации за подолжување на блескавата кариера е Манчестер, каде што оствари голем успех од 2003 до 2009 година.

Ако некој може да го воскресне англискиот великан во полн сјај како во времето на Сер Алекс Фергусон, е токму Роналдо. Тимот предводен од Олег Гунар Солскјер моментално не е во посакувана ситуација, а за повторно да биде конкуретен во блиска, може да добие голема помош од човекот кој издоминира на Стариот континент.

Роналдо со Јунајтед освои девет трофеи, од кои три се титули во Премиер лигата и една Лига на шампиони, а во црвениот дрес ја освои првата од петте Златни топки, во 2009 година, кога ја предводеше екипата до тројна круна.

- Оглас -

Најнови вести