Ѓаволот ја однесе шегата за Португалците и веднаш по неколку минути во второто полувреме, селекторот Сантош го уфрли во игра Кристијано Роналдо на дуелот од четвртфиналето против Мароко.
Роналдо беше резерва, вторпат по ред кај Европските Бразилци, но денеска мораше да влезе веднаш на стартот од второто полувреме, откако Мароко поведе во 42. минута со голот на Ен-Несири.
Роналдо е рекордер во многу категории во португалската репрезентација и веднаш по влегувањето на терен во 51. минута ја доби и капитенската лента.
Победникот од ова полуфинале ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Франција и Англија што ќе се игра од 20 часот.