Ѓаволот се буди – По Каземиро, Јунајтед со вртоглава понуда за уште еден Бразилец

Карлос Каземиро во најскоро време треба да биде претставен како нов фудбалер на Манчестер јунајтед, го потврди тоа и Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, но Црвените ѓаволи ќе продолжат со купувањето на големо во финишот од летниот преоден рок.

Трансферот на Каземиро ќе изнесува 60 милиони фунти во кеш, плус 10 во бонуси, а уште 100 милиони евра ќе се издвојат за талентираниот крилен офанзивец на Ајакс, Ентони. Тој е вториот Бразилец кој стана мета на Ерик Тен Хаг, односно клубот по вторпат ќе се обиде да ја купи младата ѕвезда на Копјаниците, по неуспешниот обид изминатиов период.

https://twitter.com/santi_j_fm/status/1560657694771773440?s=21&t=cp1-MGTkAcEl00WrDjofZA

Ајакс веројатно ќе ја прифати понудата, тврди „Футмеркато“, и ќе биде по слична формула со кеш пари плус бонуси, односно холандскиот првак веднаш ќе инкасира 80 милиони евра, а уште 20 ќе добие според во иднина.

- Оглас -

Најнови вести