Еден Азар со објава на социјалните мрежи и кажа збогум на репрезентацијата на Белгија и најави дека веќе нема да игра за Црвените ѓаволи.
Мечот со Хрватска и болната елиминација на Белгијците кои беа фаворити и за пехарот му е последен настап на Азар за својата национална селекција.
„Ви благодарам за сета љубов, среќа и поддршка што ми ја дававте во последните 15 години. Ќе ми недостасувате, но одлучив да ја завршам репрезентативната кариера. Време е за нови лица, за нови фудбалери и репрезентативци на Белгија“, напиша Азар.
Тој е еден од најголемите таленти што се појавил во последните 15-на години, но за Белгија и не покажа многу, односно не го потврди потенцијалот.
Во неговата ера Белгија подолг период ја имаше веројатно и најсилната генерација со ѕвезди од калибарот на Де Бројне, Лукаку, Куртоа, Мертенс, Компани, Фелаини, Витсел, Фермален…, но не освои ништо.
Азар има 31 година и одигра 126 мечеви за Црвените ѓаволи со 33 постигнати гола.