„Ѓаволска“ победа на Манчестер – Рашфорд го „реши“ Арсенал, навивачите се надеваат на титула (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 3:1 го победи Арсенал во големото дерби на Англија од шестото коло во Премиер лигата.

Маркус Рашфорд со два погодоци беше најзаслужен за победата над вториот голем ривал сезонава, а навичите на „црвените ѓаволи“ се надеваат дека тимот може да влезе во борбата за титулата.

Новото засилување, Антони го постигна првиот гол на средбата во 36-та минута, додека Арсенал преку Букајо Сака израмни на 1:1 во 60-та.

Со ова, Манчестер јунајтед дојде до четири едноподруго победи во Премиер лигата, од кои две, покрај оваа, се против големи ривали. Тука е и триумфот од 2:1 против Ливерпул.

Сега, „црвените ѓаволи“ имаат 12 бода и се на петтото место, со само три помалку од Арсенал кој е лидер во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести