„Ѓаволска“ понуда за Санчо

Сензацијата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо се најде на врвот на листата желби на Манчестер јунајтед. Иако има време до отворањето на летниот преоден рок, раководството на клубот од „Олд трафорд“ уште сега ќе започне преговори околу евентуален ангажман на одличниот крилен играч на „милионерите“.

Јунајтед наводно ќе испрати прва понуда од 70 милиони фунти, односно околу 80 милиони евра за Санчо, што би требало да биде доволно за Дортмунд да прифати и да го пушти младиот Англичанец да се врати во родната земја.

И покрај тоа што Санчо потекнува од фудбалската школа на Манчестер сити, тој не би имал ништо против да игра во редовите на градскиот ривал, особено ако му е гарантирано место во првиот тим. Токму тоа беше причината што си замина од Сити, Гвардиола не сакаше да го продаде, но не можеше да му даде повеќе минутажа поради големата конкуренција на крилните позиции. Секако, шанса добиваат Стерлинг, Сане, Марез и Силва, за кои Сити потроши огромни средства.

При продажбата на Санчо во Дортмунд (осум милиони евра), Сити вклучи две клаузули, да добие 15% од профитот при евентуална продажба, но и да имаат предност први да преговараат за трансфер доколку се појави интерес од друг клуб. Сепак, од таборот на „граѓаните“ нема да ја израмнат понудата на Јунајтед, само сакаат да го добијат својот процент доколку Санчо се пресели на „Олд трафорд“.

Оваа сезона, Санчо настапи на 29 натрепвари за „милионерите“, на кои осум пати се запиша во листата на стрелци, додека во 13 наврати се најде во улога на асистент.

- Оглас -

Најнови вести