Ѓаволска шлаканица на Ливерпул, кризата на Црвените трае (Видео)
Џабе претходно паднаа четири гола, кога се зборува само за петтиот, кој го одлучи патникот во осминафиналето на ФА купот.

Манчестер јунајтед го доби големото дерби против Ливерпул во рамките на 16-финалето од ФА купот. Црвените ѓаволи до триумф над лутиот ривал дојдоа благодарение на голот од слободен удар на Бруно Фернандеш во 78-мата минута.
Португалецот влезе во игра само 12 минути пред да го даде голот. Откако дојде во Англија, Бруно е најефикасен од премиерлигашките фудбалери во сите натпреварувања.
За Ливерпул продолжува кризата, тимот на Јирген Клоп има само една победа во последните шест меча во сите натпреварувања.
No stopping Bruno Fernandes 🔥#EmiratesFACup @ManUtd pic.twitter.com/gOCxdmJbOi
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 24, 2021