Белгија има моќна репрезентација во која дури ниту капитенот Еден Азар нема загарантирано место во стартните 11 за Мундијалот во Катар, па и самиот признава дека е можно на дел од натпреварите да биде резерва.
„Да можно е и тоа да се случи, а зависи од селекторот Роберто Мартинес. Треба него да го прашате каква стратегија подготвува за настапот на Белгија во Катар“, вели Азар.
Тој не игра стандардно за Реал Мадрид, односно има многу мала минутажа, па иако е капитен на Белгија според фудбалските стандарди е поблиску до клупата за резерви кај Црвените ѓаволи отколку до место во стартните 11.
Белгија е во група со Хрватска, Мароко и Канада во првата фаза од Мундијалот во Катар.