Ѓаволски добра понуда за Погба, ќе биде најскап играч во Премиерлигата

Пол Погба наскоро ќе добие понуда од Манчестер јунајтед што не се одбива и веројатно ќе биде најскапиот играч во Премиерлигата.

Челниците на најтрофејниот англиски клуб сакаат да го задржат францускиот ас и понудата ќе биде неделна плата од 470 илјади фунти, или околу 500 илјади евра, објави „Дејли Експрес“.

Погба беше незадоволен во Манчестер, сакаше да замине во Реал Мадрид, но со доаѓањето на Кристијано Роналдо работите се променија. Манчестер јунајтед повторно има конкурентен тим за највисоки дострели, а Погба ако ја прифати понудата за нов договор што е ѓаволскии добра, ќе го мине токиму Роналдо како наплатен фудбалер во Англија.

Роналдо има неделни примања од 450 илјади фунти, а ланската сезона најплатен беше Кевин Де Бројне со 400 илјади фунти неделно.

 

- Оглас -

Најнови вести