Тениските мечеви доминираат во првата половина од понудата на Sport Life во денешниот Супер тип, каде што квотите се поголеми од стандардните во билтенот и дневниот додаток на Sport Life, а потоа и на фудбалски мечеви и хокеарски може да најдете добар џокер на тикетите што ќе се уплаќаат денеска.
Во понудата од фудбалски натпревари, има примамливи коефициенти за победи на фаворитите од англискиот Чемпионшип, како и на два меча од Лигата на шампионите.
За победа на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Аталанта, само во Супер типот може да најдете квота од 2.45. Зголемена квота за двојка има и за дуелот Динамо Киев – Барселона, тука супер тип двојката е 1.80. На фудбалските мечеви може да се типува и на голови и комбинации на конечен тип со број на голови.
Понудата со 16 натпревари со специјални квоти е со натпревари што почнуваат веќе во 11.30 часот.


