Ѓаволски план на ПСЖ, топ приоритет им е големата надеж на Манчестер јунајтед

Маркус Рашфорд е топ-приоритет за Пари Сен Жермен во летниот преоден рок и богатите сопственици на францускиот првак ќе се обидат да го ангажираат најдобриот стрелец на Манчестер јунајтед.

Томас Тухел вели дека многу го почитува стилот на игра на 22-годишниот напаѓач на Црвените ѓаволи, но мисијата да се донесе Рашфорд во Париз ќе биде исклучително тешка.

Лани во јули Маркус го продолжи договорот со најтрофејниот англиски клуб до 2023 година и тој е перспектива на клубот од кој тешко ќе се откаже 20-кратниот првак на Англија.

Сезонава што е во тек е најдобрата што ја игра Рашфорд во Премиерлигата и со 16 голови и најефикасна за него. Заедно со Антони Марсијал, десетката на Манчестер јунајтед е најдобар клупски стрелец, а и двајцата се во Топ-10 на листата со најефикасни играчи во англиското првенство.

Маркус е член на Црвените ѓаволи од 2005 година, а шансите на ПСЖ ќе пораснат ако Манчестер јунајтед не успее да се пласира во Лигата на шампионите.

Моментно се на петтото место во Премиерлигата на три кола до крајот, и ако не успеат да се пробијат до четвртата позиција нема да играат во луксузното клупско натпреварување идната сезона, освен ако не успеат да ја освојат титулата во Европа Лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести