Манчестер јунајтед како гостин го совлада Тотенхем со 3-1, и делумно се реваншираше за катастрофата од 1-6 во октомври на „Олд Трафорд“. Црвените ѓаволи имаат серија од 23 премиерлигашки мечеви по ред без пораз на гостински терен, и тоа е втора најдолга таква низа во историјата на англиското првенство (рекордот е 27).
Тотенхем поведе со 1-0, со голот на Хеунг Мин-Сон, 14-ти погодок за Кореецот сезонава. Но, во второто полувреме Манчестер направи пресврт. Фред израмни со неговиот втор гол во кариерата, откако првиот го даде во септември 2018 година. Единсон Кавани погоди за 2-1, со својот седми гол во Премиерлигата, петти со глава. Точка стави Гринвуд во судиското продолжение.
Ова е голот на Кавани, кој беше клучен:
Cavani is a proper striker. Dying breed. #MUNTOT https://t.co/WgiV1ci8Ow
— Ade Hazeldene (@Hazeldizzle) April 11, 2021