Ѓаволски пресврт во Торино – Манчестер јунајтед го победи Јувентус со 2-1 (Видео)

Експресен пресврт на чудесен начин со два гола во финишот приреди Манчестер јунајтед против Јувентус во Торино. Хуан Мата со еврогол од слободен удар во 86-тата минута го анулира водството на домаќините, кои имаа предност со прекрасниот погодок на Кристијано Роналдо, а дербито го одлучи автоголот на Алекс Сандро во 90-тата минута.

https://www.dailymotion.com/video/x6wtwts

Двете екипи се на првите две места на табелата по четири кола. И покрај поразот, Јувентус е лидер со 9 бодови, а Јунајтед е вторпласиран со 7 бода. Валенсија има пет по победата против Јанг бојс, а швајцарскиот првак е последен со еден бод.

Најубедлив вечерва беше Манчестер сити, а во победата од 6-0 против Шахтар блескаше Габриел Жесус со хет-трик. Давид Силва, Стерлинг и Марез само ја дополнија убедливата победа на домаќините.

Се разигра и актуелниот европски првак под команда на новиот тренер Сантијаго Солари, а петарда прими чешкиот првак П’лзењ.

Бензема со два гола ја предводи листата на стрелците, а по еден погодок постигнаа Каземиро, Бејл и Крос.

Резултати, натпревари од 21 часот:

Јувентус – Манчестер јунајтед 1-2, Баерн – АЕК 2-0, Бенфика – Ајакс 1-1, Лион – Хофенхајм 2-2, Манчестер сити – Шахтар 6-0, П’лзењ – Реал Мадрид 0-5.

 

- Оглас -

Најнови вести